И покрај контроверзите, УЕФА не го менува судијата за финалето во ЛШ

фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Полскиот судија Шимон Марчињак сепак ќе дели правда во финалето од Лигата на шампионите, потврдија од Европската куќа на фудбалот (УЕФА).

Марчињак беше привремено сменет од функцијата главен судија за финалето во ЛШ, бидејќи учествуваше на митингот на екстремно десничарската партија „Конфедерација“, што се одржа во Катовице на 29 мај.

Веднаш стигна реакција од УЕФА, вратена му е обврската на Полјакот откако се извини поради неговото присуство на митингот.  Инаку, спомената партија, организација е позната по отворените ксенофобични, хомофобични, расистички и антисемитски ставови.

– По темелно разгледување, примивме изјава од Марчињак во која го изразува своето најдлабоко извинување и појаснување за неговата вмешаност во настанот – се вели во соопштението на УЕФА.

Потсетување дека финалето во Лигата на шампионите за оваа сезона е закажано за 10 јуни кога во Истанбул, Турција, на стадионот „Ататурк“ за титулата ќе играат Интер и Манчестер сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот