И по шест месеци Германија без протокол за заштита на работниците од Ковид – 19

Правилата треба да се однесуваат на основни мерки за заштита, како што се обврската за носење маска, задолжително растојание, физичко раздвојување на работните места, чести чистења и подобар систем за вентилација.

Германија се уште нема унифициран правилник за заштита на вработените иако кризата со корона вирусот започна пред шест месеци.

Министерството за труд кон средината на април објави препораки, но се уште не постојат обврзувачки правила на германско ниво, а според весникот „Зидојчеце цајтунг” за тоа се виновни работодавачите.

Одредени здруженија на работодавачи се обидуваат да ја искористат кризата за да ја намалат заштитата на работното место.

Во писмото на Федералното здружение на германски здруженија на работодавачи (БДА), што беше објавено на крајот на мај, се наведува дека правилата за заштита од коронавирусот на работното место мора значително да се намалат и да се ограничат само на основите.

Здружението укажува дека заради неопходниот целосен старт на економијата, сите правила мора да бидат применливи во пракса, односно брзо и некомплицирано проверливи.

Инаку, правилата треба да се однесуваат на основни мерки за заштита, како што се обврската за носење маска, задолжително растојание, физичко раздвојување на работните места, чести чистења и подобар систем за вентилација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот