И Пакистан доби метро, им го изградија Кинезите

epa06742339 Shahbaz Sharif (R) Chief Minister of Punjab Province cut the ribbon as he inaugrates the first test run of Orange Line Metro Train, in Lahore, Pakistan, 16 May 2018. Under the project, 27 trains will be imported in which 23 of them will arrive by the end of this year. EPA-EFE/RAHAT DAR

Првата линија од метрото во Пакистан почна со работа во Лахор, главниот град на покраината Панџаб, во земјата со слаб јавен превоз и недоволна инфраструктура.

„Портокаловата линија“ од подземната железница се протега на 27 километри и има повеќе од 24 станици. Ќе се скратат патувањата во овој, вечно блокиран велеград, а ја изградија кинески компании.

Овој проект на жителите на Лахор ќе им обезбеди инфраструктура од светска класа“, рече Усман Буздар, челник на владата на покраината Панџаб, во неделата на свечената инаугурација.

Отворањето на линијата доцни со години поради спорови и големиот долг на Пакистан за инфраструктурни проекти кои ги финансира Кина.

Метрото, кое исто така е критикувано порадо загрозувањето на некои историски градски знаменитости, чинеше околу 300 милијарди рупии или 1,8 милијарди долари.

Властите се надеваат дека метрото секој ден ќе го користат 250.000 луѓе и дека ќе се намалат сообраќајните шпицови во тој град со повеќе од 11 милиони жители.

Голем дел од Пакистан има лоша инфраструктура во јавниот превоз, што на сиромашните работници им ги поскапува и оддолжува секојдневните патувања во урбаните зони.

Пекинг вложи повеќе од 50 милијарди долари во Кинеско – пакистанскиот економски коридор (ЦПЕЦ), што овозможи подобрување на инфрасктруктурните и транспортните врски во целата земја. Портокаловата линија ја финансираше ЦПЕЦ.

Кинеската новинска агенција Синхуа го поздрави отворањето на метро линијата и ја нарече „нова етапа за јавниот превоз во Јужна Азија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот