И Општина Ѓорче Петров придонесува во решавањето на проблемите на ФК Вардар

фото: facebook/Александар Стојкоски

Фудбалскиот клуб Вардар ја добива потребната поддршка на организациски и финансиски план, со цел играчите и стручниот штаб да имаат што подобри услови.

На тој пат се грижат и верните „Комити“ кои се сопственици на 25% од акциите на ФК Вардар. Потсетување дека годинава скопските „црвено-црни“ успеаја преку баражот да се вратат во Првата македонска лига.

Полека, но сигурно доаѓа поддршката од сите страни за најтрофејниот клуб во нашата земја, а најновата доаѓа од Општина Ѓорче Петров.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојоски имаше средба со претставници од навивачката група „Комити Скопје“ каде беше договорено клубот да го користи фудбалското игралиште во Волково.

ФК Вардар е најголемиот фудбалски и спортски бренд во Република Македонија и тој мора повторно да блесне во истиот сјај и да се издигне на пиедесталот. Денес на средбата со претставниците од навивачката група Komiti Skopje кои што во изминатиот период макотрпно работат на издигнување на клубот, но и на националната свест, договоривме фудбалскиот клуб Вардар да го користи фудбалското игралиште во Волково, каде што ќе тренираат младинските категории и сите оние кои што ќе имаат потреба од теренот.

По убавата вест за влегувањето на клубот во првата македонска фудбалска лига, оваа помош од Општина Ѓорче Петров ќе придонесе во решавањето на проблемите на ФК Вардар на долг рок.
Наш императив е поддршка и развој на спортот, а ситуацијата на ФК Вардар е вистинска можност да покажеме човечка и спортска емпатија. Токму поради тоа се одлучивме на овој чекор. Вардар е Македонија, Македонија е Вардар! – стои во објавата на градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

„Комити“ и Муцунски: Фудбалскиот клуб Вардар добива нов спортски терен во Аеродром

„Моцарт Бет“ со донација од 200.000 денари за ФК Вардар кој се бори за опстанок и егзистенција

„Комити“ и Муцунски: Фудбалскиот клуб Вардар добива нов спортски терен во Аеродром

ФК Вардар доби и парична донација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот