И официјално потврдено: Ултраконзервативецот Ебрахим Раиси избран за претседател на Иран

Ебрахим Раиси е новиот претседател на Иран, соопшти предмалку иранското Министерство за внатрешни работи.

Тој победи тројца кандидати на избори, додека на неколкумина други кандидати им беше оневозможено да учествуваат во изборната трка. Раиси е главен ирански судија, челник на правосудството и е со ултра-конзервативни ставови. Тој се наоѓа на списокот на американски санкции поради кршење на човековите права.

Иранскиот претседател е втор највисок функционер во земјата, по врховниот водач. Претседателот има значително влијание врз внатрешната политика и надворешните работи. Но, врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи го има последниот збор за сите државни прашања, пренесува Би Би Си. Иран е управуван согласно конзервативните религиозни вредности и има ограничувања на политичките слободи уште од Исламската револуција во 1979 година.

Шеесетгодишниот имам работел како обвинител во поголемиот дел од својата кариера. Тој беше назначен за шеф на судството во 2019 година, две години откако беше поразен од Хасан Рохани на последните претседателски избори, потсетува Радио Слободна Европа.

Хасани и Раиси одржаа средба, на која досегашниот шеф на државата му ја честиташе изборната победа на Раиси, откако доби 17,8 милиони гласови од досега преброените. На изборите учествуваа околу 28 милиони Иран од вкупно 59 милиони со право на глас.

дати на избори, додека на неколкумина други кандидати им беше оневозможено да учествуваат во изборната трка. Раиси е главен ирански судија, челник на правосудството и е со ултра-конзервативни ставови. Тој се наоѓа на списокот на американски санкции поради кршење на човековите права.

И

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот