И официјално: Клуб Бриж е новиот белгиски шампион

twitter/uefachampionsleague

Шарлроа на македонскиот интернационалец ќе игра во групната фаза на Лигата на Европа..

Уште пред 43 дена беше донесена одлука за предвремено завршување на сезоната, денеска добивме и и официјална потврда: Клуб Бриж е прогласен за нов шампион на Белгија.

Белгијците прво порачаа дека не сакаат да ја продолжат сезоната поради пандемијата на коронавирус, а потоа им се „закани“ УЕФА.

На денешната седница клубовите изгласаа Клуб Бриж да игра во групите на Лигата на шампионите следната сезона. Гент како второпласиран ќе игра во третото коло од квалификациите за ЛШ, додека Шарлроа на македонскиот интернационалец Ѓоко Зајков оди во групите на Лигата на Европа.

Четвртопласираниот Антверпен оди во третото коло од квалификациите на ЛЕ, додека во втората рунда од истото натпреварување ќе настапува Стандард Лиеж.

Против ваквата одлука е Беверен, екипа која како последнопласирана испадна во понизок ранг. Тие не ја добија шансата до крајот на оваа сезона да се борат за опстанок во елитата, и се принудени да ја прифатат одлуката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот