И новиот градоначалник на Њујорк бара плата во биткоини

Ерик Адамс Њујорк
Ерик Адамс / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Ерик Адамс, избран за градоначалник на Њујорк Сити, изјави дека би сакал првите три плати да ги добие во биткоини, зајакнувајќи ја својата предизборна иницијатива да го направи Њујорк „центар на индустријата на криптовалути“.

Поранешниот полициски капетан победи на изборите одржани оваа недела и во јануари официјално ќе ја преземе функцијата од актуелниот градоначалник Бил де Бласио.
Слична иницијатива има и градоначалникот на Мајами, Франсис Суарез, кој исто така побара првата плата од новиот мандат да му биде исплатена во биткоини. Суарез во август придонесе за лансирање на криптовалутата „мајамикоин“ и најави дека Мајами ќе биде „јадроото за иновации во криптовалути“.

Њујоршката јавна обвинителка Летисија Џејмс, која е кандидатка за гувернер на таа сојузна држава, неодамна покрена голема операција против нерегистрирани компании што лансирале криптовалути“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот