И новинар пред Специјалниот суд за Косово

Gazeta Express

Новинарот Нухи Битиќи информирал дека бил интервјуиран од Специјалните комори и Канцеларијата на специјалниот обвинител на Косово.

Битиќи рече дека целото негово сведочење пред овој суд е поврзано со неговата активност како новинар, за време на период на војната на Ослободителната војска на Косово, пренесува Газета Експрес.

– Мојата работа како новинар и како раководител на телевизискиот тим на Албанската телевизија во воените зони, презентирана во ТВШ и во светските медиуми преку многу телевизиски емисии, е најдобриот доказ за нашата чиста посветеност, фер и благородна ориентација на војната на Ослободителната војска на Косово. Врз основа на овој професионален и национален ангажман во служба на слободата на мојата татковина, ми беше лесно дури и пред Специјалните комори и Канцеларијата на Специјалниот обвинител на Косово, да ја докажам вистината во одбрана на нашата ослободителна активност – рече новинарот преку соопштение за јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот