„И ние постоиме” – во Гевгелија одбележан Меѓународниот ден на лицата со хендикеп

Фото: МИА

„И ние постоиме” беше пораката што денеска од Гевгелија ја испрати здружението на граѓани „Мобилност” по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.

Кон одбележување на денот се приклучи и центарот „Мајка Тереза” со специјална програма во салата на Народниот театар.

На дефилето низ централниот дел на градот што го организираше „Мобилност”, учествуваа членови на здруженијата на хендикепираните лица од градот чии претставници во своите кратки обраќања побараа да им се овозможат сите права. Во рамки, пак, на специјалната програма во салата на Народниот театар настапија корисници на „Мајка Тереза”, на Дневниот центар на лицата со посебни потреби од Гевгелија, деца од општинските основни училишта, како и деца од централната градинка од Гевгелија.

-Целта на дефилето е подигање на јавната свест дека лицата со посебни потреби постојат, дека не треба да бидат игнорирани, туку да се вклучат во заедницата како еднакви и рамноправни членови во неа, нагласи претседателот на „Мобилност”, Даниела Гошева Кангова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот