„I need North Macedonia“ ќе биде ново туристичко лого на земјава

Фото: Принтскин/Јутјуб

„I need North Macedonia” или ,,Ми треба Северна Македонија”. Вака отприлика ќе звучи називот на новото туристичко лого за земјава кое ќе биде готово до крајот на годинава, а кое ќе се користи во новите промотивни кампањи кои веќе наголемо се подготвуваат, со примена на новото уставно име Северна Македонија.

Досегашните брошури со кои државата се претставуваше на туристички саеми заминуваат во историјата, односно истите околу 30.000 нема да бидат фрлени, туку ќе се користат за внатрешна употреба, информираат од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.

„Ние од втората половина односно од саемот во Лондон почнуваме со тивко ребрендирање бидејќи тоа е подолг процес кој треба да се работи. Се подготвуваат нови брошури, нов промотивен материјал, нови спотови.  Ние сме владина агенција и ги следиме насоките на Република Северна Македонија и секако дека ќе настапуваме со новото име…“ – рече Љупчо Јаневски – директор на Агенција за поддршка и промоција на туризам.

Хотелиерите велат дека ребрендирањето ќе значи и дополнителен трошок, но сепак очекуваат дополнителен бенефит после тоа. И покрај новото име, сигурни се дека нема да имаат проблем да им објаснат на нивните партнери во странство која всушност е дестинацијата бидејќи земјава на нивниот пазар и понатаму ја продаваат како Македонија. И од Агенцијата се убедени дека новата туристичка кампања ќе донесе огромно освежување и напредок.

ТВ24

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот