И натаму висока бројка на заразени од ковид-19 во Словенија, починаа 23 пациенти
Во Словенија се потврдени 2.663 нови случаи на коронавирус, од 18.280 тестирани лица, а починале 23 пациенти, покажуваат официјалните податоци.
Како што наведува СТА, 18.280 лица се тестирани со ПЦР и антигенски тестови, а стапката на позитивност кај ПЦР е 32 отсто, што е пад во однос на рекордните 37,4 отсто ден претходно.
Од 6.370 направени ПЦР тестови вчера, 2.040 биле позитивни.
Стапката на позитивност кај брзите тестови останува 5,2 отсто, откако се потврдени 623 случаи меѓу 11.910 лица кај кои е изведен антигенски тест, соопшти портпаролот на владата Јелко Кацин.
На болничко лекување се наоѓаат 1.169 лица.
Од почетокот на пандемијата во Словенија се потврдени 134.545 случаи на зараза со коронавирус, од кои 22.379 се активни.
Вкупно досега починаа 2.922 лица.