И натаму расте цената на автопатот Кичево-Охрид, ЈПДП се задолжува за експропријација на имот

Фото: Министерство за транспорт и врски

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе се задолжи со над четири милиони денари, кои ќе се користат за експропријација на земјиште за изградба на автопатот Кичево-Охрид, објави „Фактор“.

За задолжувањето од околу 67.000 евра, ЈПДП добило банкарска гаранција од Владата. Таа на 1 декември донесе одлука со која се дава согласност „за задолжување заради издавање на банкарска гаранција за потребите на постапката за експропријација за изградба на Автопат А2, делница Кичево-Охрид“.

– Банкарската гаранција се издава исклучиво за експропријацијата. Јавното претпријатие согласно Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2022 година за експропријација има обезбедено парични средства во висина од 200.000.000 денари – појаснуваат од ЈП за државни патишта.

– И покрај обезбедените средства ЈП за овие постапки треба да достави Банкарска гаранција за да се заврши постапката за експропријација за решенијата кои се поништени од страна на Управен суд. Банката издава банкарска гаранција која претставуваат вонбилансно задолжување на Јавното претпријатие и истата преставува кредитен производ по дефиниција. Самата гаранција гарантира “исплата на износот на обврската до наведениот износ во гаранцијата” доколку Барателот на гаранцијата не ги исполни превземените обврски – објаснуваат од ЈП Државни патишта.

Автопатот Кичево Охрид, долг 57 километри, според првичните проценцки требаше да чини 374 милиони евра, но таа низ годините порасна на над 600 милиони. Делницата се гради речиси девет години, а според последните најави на надлежните, таа треба конечно да биде завршена во 2023-тата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот