И наставниците се приклучија на протестите во Хонг Конг

Во Хонг Конг продолжуваат протестите против властите, блиски до официјален Пекинг, на кои во знак на поддршка кон демонстрантите им се приклучија и наставниците.

Тие од Владата бараат да одговори на барањата од демонстрантите и да престане да се служи, како што тврдат, со полициско насилство за растерување на учесниците во протестот.

Демонстрантите кои го преполнија главниот плоштад во финансискиот округ, носеле транспаренти на кои пишува „Заштитете ја следната генерација”.

Ова е десетта седмица како што се одржуваат протести во Хонгконг, кои не покажуваат знаци на намалување на масовноста. Овој викенд е планирано да се одржат неколку собири и барем еден марш.

Демонстрантите бараат оставка на градскиот лидер, демократски избори и независна истрага поради употребата на полициска сила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот