И најмладите се вклучија во Европската недела на мобилност

Европската недела на мобилност беше одбележана со повеќе активности во општина Аеродром. Децата од предучилишна возраст од градинките „Буба Мара“ го одбележаа денот без автомобили возејќи велосипеди и упатувајќи пораки до возачите повеќе да користат превозни средства што не го загадуваат воздухот.

Исто така, дечињата од градинките „Калинка“ и „Срничка“ денеска пешачеа по кејот на реката Вардар, од хотел „Порта“ до хотел „Дабл три Хилтон“, вежбаа и се едуцираа за придобивките од пешачењето.

Во одбележувањето на Неделата на мобилност се вклучија и учениците од четврто одделение од ООУ „Ѓоргија Пулевски“, кои возеа велосипеди по кејот на Вардар од училиштето до Градскиот парк и назад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот