И најдобриот стрелец во лигата го напушти Вардар

fkvardar.mk

Како што официјално информираат од клубот, оваа сезона беше последна за Даниел Аврамовски во дресот на Вардар.

25-годишниот играч за врска во нападот ги засили „црвено-црните“ во текот на зимскиот преоден рок во 2019 година од екипата на Олимпија.

Одигра вкупно 41 натпревар со постигнати 12 голови за екипата на Вардар.

Фудбалскиот клуб Вардар на Даниел, кој беше интегрален дел од минатогодишната шампионска титула му се заблагодарува на досегашната соработка и му посакува многу успех во понатамошната кариера. Благодариме Цујо! – соопштија од ФК Вардар.

До прекинот на сезоната во Првата лига (поради пандемијата на коронавирус) беше најдобар стрелец со 10 голови.

Има настапи за најдобрата македонска репрезентација, а во својата клупска кариера беше дел уште од Работнички, Македонија ЃП, Црвена звезда, ОФК Београд, Олимпија Љубљана и Војводина.

Претходно со екипата се разделија уште Филип Гачевски, Евгениј Новак, Леовигилдо Жуниор Реис Родригез и Кристијан Тошевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот