И надежите сонуваат Европско: Победничко селфи од Алмати! (ФОТО)

Фото: instagram.com/FFMacedonia/

Извонредна игра на македонската репрезентација до 21 година на гостувањето против Казахстан и убедлива победа од 4:1 во рамки на квалификациите за Европското првенство.

Нашиот тим одигра перфектно и бодовно сега сме во игра за пласман на Европското првенство. Со 13. бода сме втори на табела зад Шпанија.

Второто место се поблиску: Убедлив триумф на младите фудбалери во Казахстан (ВИДЕО)

Денеска Израел како гостин триумфираше со 1:2 против Црна Гора. Токму против израелските надежи играме во следниот меч на домашен терен на 13 октомври, исто така многу важен на патот кон континенталниот собир.

Веднаш после големиот триумф избраниците на селекторот Благоја Милевски направија победничко селфи од Алмати.

Нашата млада У21 фудбалска селекција го брка своето второ учество на европските шампионати.

Видео на денот