И Надал како Ѓоковиќ, загуби сет на стартот од Вимблдон

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Вториот носител на Вимблдон, Рафаел Надал обезбеди пласман во второто коло на најпрестижниот тениски турнир по победата над Франсиско Серундоло.

Надал на Вимблдон имаше идентичен старт како и Новак Ѓоковиќ, загуби еден сет, но на крајот успеа да слави со 6:4,6:3,3:6,6:4 за три и пол часа игра.

Противник на Надал во второто коло ќе биде Ричардас Беранкис кој го елиминира Американецот Сем Квери со 6:4,7:5,6:3. Убедлив настап на стартот од Вимблдон имаа Рејли Опелка кој со 7:6,6:4,6:4 го победи Табернер, Алекс де Минор со 6:1,6:3,7:5 беше подобар од Делиен, Сок го победи Запата Мираљес со 7:6,6:4,6:4, додека Шварцман беше најубедлив и му дозволи само осум гема на Козлов.

Маратонски мечеви во пет сета одиграа Гаске и Соуса, а славеше Французинот со 7:6,6:2,4:6,4:6,6:3, додека Ник Кирјос со 3:6,6:1,7:5,6:7,7:5 го победи Џаб.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот