И на 18 години феноменалниот Лазаров ги „кинеше“ мрежите (ВИДЕО)

фото: men2020.ehf-euro.com/Uros Hocevar

Во битолскиот клуб Пелистер се почетоците на нашиот капитен кој е најефикасен во историјата на светските шампионати со 92 голови.

Еден од најдобрите ракометари во Македонија дефинитивно исто така ќе биде запишан и во листата најдобри десни бекови во светот.

Вистинска „гол-машина“, не се откажува и на 39 години, сезоната во Франција поради пандемијата на коронавирусот е завршена, а со неговиот Нант заврши на второто место зад шампионот ПСЖ.

Има бројни индивидуални признанија, многу шампионски титули во Хрватска, Унгарија и Шпанија со екипите на Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Барселона.

На репрезентативно ниво после осум години беше урнат неговиот рекорд како најдобар стрелец на европските шампионати, но и натаму е најефикасен во историјата на светските шампионати со 92 погодоци од 2009 година.

Пред да ја стартува странската кариера, неговиот прв клуб беше битолски Пелистер (две титули во првенството и една во Купот), објавено е едно негово видео, самите почетоци на еден голем ракометар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот