И Москва се јави околу напнатоста во северно Косово: Србите нема да останат рамнодушни

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Одлуката на привремените власти во Приштина да почнат да применуваат неосновани дискриминаторски „правила“ за присилна замена на личните документи и регистарските таблички на локалните Срби од 1 август претставува уште еден чекор кон протерувањето на српското население од Косово, се наведува во вечерашното соопштение на Министерството за надворешни работи на Русија во врска со најновите тензии на северот на Косово.

Целта на оваа одлука е „изместување на српските институции од Косово кои обезбедуваат заштита на правата на српското население од самоволието на приштинските екстремисти на чело со „премиерот“ Албин Курти.

– Лидерите на косовските Албанци знаат дека Србите нема да останат рамнодушни кога станува збор за директен напад на нивните слободи и намерно ја ескалираат ситуацијата за да предизвикаат воено сценарио. Секако, цел на острите напади е и Белград, кој Западот сака дополнително да го неутрализира со албански раце – посочуваат од МНР.

Москва ги повикува Приштина и САД и ЕУ, кои стојат зад тоа, да престанат со провокациите и да ги почитуваат правата на Србите на Косово.

– Ваквиот развој на ситуацијата уште еднаш го покажува неуспехот на посредничката мисија на ЕУ. Тоа е и пример какво место е подготвено за Белград во ЕУ, со што се сугерира Белград всушност да го прифати одземањето на правото на своите сонародници – се заклучува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, пренесува српски Курир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот