И младите тенисери се свртеа против Кирјос

Ник Кирјос со право е лошото момче на тенисот кој нема влакна на јазикот, но полека почна да им оди на нерви и на младите тенисери.

Прв тенисер од младата генерација кој јавно го критикуваше Кирјос е Канаѓанецот Феликс Оже Алиасим кој славеше во меѓусебниот дуел на турнирот во Квинс, Англија. Тој по победата, го „пецна“ австралискиот тенисер.

– Мислам дека Кирјос е добар тенисер, но никогаш не би можел да бидам пријател со таква личност. Му се воодушевувам на тоа што го прави на теренот, навистина е добар тенисер. За останатото не сум сигурен. Доколку да речеме, се познаваме во училиште,тој не е личноста со која би бил пријател. Мора да се гледа на двете работи, Кирјос како тенисер и Кирјос како личност. Не сакам да имам ништо со таквите личности – изјави Оже Алиасим.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот