И министерот Адеми е негативен на првиот тест за Ковид-19

Министерот за образование и наука Арбер Адеми на Фејсбук објави дека го направил првиот тест за присуство на коронавирус и дека резултатот е негативен.

  • Ви благодарам на сите за поддршката, во исто време им посакувам брзо закрепнување на сите оние што се соочуваат со овој вирус. Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат правилата, да останат дома, да внимаваат на хигиената и да одржуваат меѓусебно растојание од 2 метри“, напиша Адеми.

Претходно и вицепремиерот Бујар Османи објави дека неговиот тест е негативен, но дека ќе остане во изолација.

Адеми, Османи, Спасовски и Филипче се во самоизолација откако присуствуваа на состанок во Куманово, на кој беше и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој ден потоа објави дека е позитивен на Ковид-19.

Видео на денот