И Мила Царовска се повлече од партиската функција: Целото раководство на СДСМ е во оставка

Мила Царовска
Мила Царовска / Фото: СДСМ

Потпретседателката на СДСМ и министерка за образование и наука, Мила Царовска попладнево соопшти дека се повлекува од функцијата во партијата.

-Изминатите две и пол години, заедно со раководството на партијата, работевме посветено да одговориме на сите предизвици поврзани со подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и меѓународниот статус на земјата. Со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство. Му благодарам за укажаната доверба и можност да дадам придонес во градењето општество за сите, напиша Царовска на социјалните мрежи и додаде дека останува целосно посветена на борбата за социјалдемократските вредности.

Во текот на денот, владејачката партија соопшти дека на денешниот состанок на раководството се утврдиле следните чекори на партијата кои од наредната недела ќе бидат ефектуирани, за што јавноста, граѓаните, ќе бидат информирани.

СДСМ: Заев формално сѐ уште не ја има поднесено оставка на партиската функција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот