И Меркел повика на итен прекин на оружениот судир во Нагорно Карабах

Германската канцеларка Ангела Меркел/ Фото: Архива на Слободен Печат

 Германската канцеларка Ангела Меркел разговараше денеска со ерменскиот премиер Никол Пашињан и со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, барајќи прекин на оружените судири.

– Во телефонскиот разговор Меркел нагласи дека е итно потребно примирје и враќање на преговарачка маса, истакна портпаролот на германската канцеларка, Штефан Сајберт.

Меркел изјави дека ОБСЕ заедно со „Групата Минск” овозможува за тоа одличен форум. Таа додаде дека овие две соседни земји треба да придонесат за мирољубиво решение на конфликтот.

Нагорно Карабах: Ерменија се заканува со употреба на оружје со голем дострел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот