И МЕПСО како одговорна компанија ќе штеди струја

Орхан Муртезани, генерален директор на МЕПСО/Фото: скриншот

Гаснење на сијалиците кога има доволно дневна светлина и во период кога нема никој во канцеларија, исклучување на компјутерите по завршување на работните задачи, забранета употребата на дополнителна опрема за греење или ладење на просториите и печатење само на потребните материјали, се дел од мерките што ги презеде АД МЕПСО, објави директорот на компанијата Орхан Муртезани.

Тој преку видео ги повика и другите институции, но и граѓаните да штедат електрична енергија, давајќи конкретни примери од АД МЕПСО.

– Како одговорна компанија мора да предничиме со мерките за штедење. Во овие тешки времиња на енергетската криза, ако бараме штедење од граѓаните, мора да бидеме први што тоа ќе го спроведеме, посочи Муртезани.

Според него, граѓаните треба да се осигураат дека тие кои бараат да се штеди, се првите што штедат.

Од почетокот на септември за државните институции на сила се мерките за штедење на струја, со кои, според Владата, потрошувачката на електрична енергија треба да се намали за 15 отсто во однос на истиот период лани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот