И мене да ми дадоа милијарда фунти како на Пеп и јас ќе освоев некој трофеј со Сити

Пеп Гвардиола/ EPA-EFE/Martin Rickett

Поранешниот англиски репрезентативец Стен Колимор, а сега колумнист за „Мирор“, го нападна менаџерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола.

Колимор не верува дека Гвардиола е еден од најдобрите тренери на сите времиња како што му даваат епитети некои медиуми.
Пеп Гвардиола не може да биде во топ 10 најдобри тренери на сите времиња. Топ 20? Можеби. Но, топ 10 никако, не е ниту близу – тврди Колимор.

Гвардиола тренерската кариера ја започна во Барселона со која освои две титули во Лигата на шампионите, а три пати триумфира во Ла Лига по што се пресели во Баерн Минхен каде исто така три пати триумфира во домашната Бундеслига. Со Манчестер сити два пати триумфира во Премиер лигата, а има и еден трофеј од ФА купот.

Доколку некој ми даде да потрошам милијарда фунти за засилувања како што тоа го доби Пеп во Манчестер сити, најверојатно и јас ќе имав добри резултати. Гвардиола за четирите години на клупата на Манчестер сити не ме убеди дека е најдобриот тренер на сите времиња како што зборуваат луѓе помлади од 30 години – вели Колимор.

Поранешниот англиски репрезентативец ги објаснува кои се критериумите според него за тренерот да биде меѓу најдобрите десет во историјата.

Мора да земе некој великан кој веќе е поминат од ривалите и да го претвори во клуб кој ќе доминира две децении како што направи сер Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед. Или да презеде провинциски клуб и играчите да ги направи европски шампиони како што тоа го стори Брајан Клоуг со Нотингем. Се уште не сум ги споменал великаните како Ариго Саки, Удо Латек и Јохан Кројф… Исто така кога ги оценувам тренерите, секогаш гледам како се снаоѓаат во тешки ситуации во која моментно се наоѓа Сити поради повредените фудбалери. Тимот на Гвардиола во вакви околности игра еден просечен, еден лош и еден брилијантен натпревар. Доколку Пеп е добар како што се зборува, со одличните резерви кои ги има треба да би победува најдобрите англиски екипи – вели Колимор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот