И Мекгрегор му честита на Хабиб

Хабиб Нурмагомедов повторно имаше одлична изведба во октагонот и ја одбрани титулата во лесна категорија на УФЦ 254 приредбата која се одржа на островот Јас во Абу Даби.
Нурмагомедов во втората рунда со прекин, односно го гушење го совлада предизвикувачот Џастин Гејџи по што го шокира ММА светот со објавата дека се пензионира.

„Кралот“ на октагонот, Нурмагомедов: Ова беше мојата последна борба!

Хабиб има перфектен скор во професионалната кариера од 29 победи и ниту еден пораз, но загубата на татко му Абдулкманап беше премногу тешка за него и одлучи да се повлече од ММА спортот.

Честитките за победата но и дека се повлекува пристигнуваат од сите страни, а меѓу нив е најголемиот ривал на Хабиб, Конор Мекгрегор.
„Одлична борба Хабиб. Јас ќе продолжам. Голема почит и за твојот татко. Секако за тебе и твојата фамилија. Со почит, Конор Мекгрегор“, напиша Конор на твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот