И мажите се жртви: Во Австралија отворен прв шелтер центар за мажи жртви на семејно насилство

Фото: Скриншот

Центар за мажи жртви на семејно насилство е отворен во австралиската држава Квинсленд, јавија локалните медиуми.

Организацијата „Sheltered By Grace”, што им помага на бездомниците, објави дека ќе ги поддржува сите мажи постари од 25 години, кои се нашле во тешка животна ситуација.

Засолништето им обезбедува привремен престој на барателите за да им помогне да избегаат од жестокиот однос на кој биле подложени дома и да се вратат во нормален живот.

Програмата за помош вклучува неделни групни дискусии и учество во црковни служби. Многу од луѓето кои ги бранат интересите на жртвите на семејно насилство потврдуваат дека ова е прва ваква организација во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот