И мажите и жените во пензија со 64 години возраст и 15 години стажни стаж

скопје луѓе пензионери клупа плоштад
Пензионери во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Законот за откуп на стаж и предвремено пензионирање не е отворен, во моментов се вршат измени на Законот за работни односи со кој е предвидено да завршат договорите за работа на 64 години возраст и 15 години работен стаж и на жените и на мажите, а кој дава и можност да се продолжи работниот стаж на здравствените работници, но не повеќе од навршување 67 години возраст, рече денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Не пензионираме никого предвреме, правиме измени заедно со пратениците кои го предложија законското решение во координација со МТСП, односно предлог измени на Законот за работни односи во кој го дефинираме траењето на договорите за работа – рече министерката.

Појасни дека со измените се предлага договорот за работа да прекинува со наполнети 64 години возраст и 15 години стаж, што ги обединува жените и мажите согласно Уставот да се еднакви.

Не пензионирање, туку завршување на договорот за работа, што индиректно инпутира дека сите со 64 години треба да одат во пензија. Има исклучоци. Имајќи го предвид бројот на здравствените работници што ни се неопходни, се предвидува нивниот работен да може век да се продолжува година за година, најмногу до 67 години возраст – рече Шахпаска.

Таа додаде дека очекувала власт и опозицијата да го поддржат ова законско решение, но  опозицијата поднела 480 амандмани.

– Во услови на пандемија кога целиот свет се бори и кога и еден здравствен работник претставува сериозен придонес, опозицијата поднесе 480 амандмани на законот со кој овозможуваме здравствените работници да  продолжат да работат заради јавниот интерес – рече Шахпаска.

Таа додаде дека тоа можноста за докуп на стаж и предвремено пензионирање е друг закон кој воопшто не е отворен.

– Продолжуваме со реформите. Станува збор за докуп на стаж и предвремено пензионирање што не е предмет на дебата, ниту е приоритетен закон. Приоритетен е законот за работни односи, а потоа ќе го отвориме прашањето за докуп на стаж и предвремено пензионирање – потенцира министерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот