И мајката е против Манчини, му најде три замерки за дебаклот во квалификациите

Селекторот на Италија, Роберто Манчини/ фото: EPA-EFE/CARMELO IMBESI

Поразот на селекцијата на Италија од Македонија во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар, предизвика хаос во италијанската јавност, а на удар на медиумите се најде селекторот Роберто Манчини чии одлуки на натпреварот во Палермо го испори и неговата мајка.

Манчини пред осум месеци со „аѕурите“ стана европски шампион, а сега се најде на столбот на срамот, и не беше поштеден ниту од страна на неговата мајка, Маријана Пуоло кој смета дека нејзиниот син погрешил што за дуелот со Македонија не го повикал Марио Балотели. Маријана верува дека Балотели ќе беше многу подобро решение во нападот од Доменико Берарди.

Мајката на Манчини има уште две замерки за тактичките поставки на нејзиниот син, таа смета голема вина за тоа што Италија ќе го пропушти и второто Светско првенство по ред има и Жоржињо кој во квалификациите промаши дури три пенали.

Исто така Маријана Пауло не ги поштеди ниту голманот Џанлуиџи Донарума за кого смета дека требаше да интервенира подобро при шутот на Александар Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот