И ЛГБТ заедницата излезе на марш против Лукашенко (ФОТО+ВИДЕО)

epa08649477 Belarus women take part in a women's demonstration across Minsk, Belarus, 05 September 2020. Opposition activists continue their daily protest actions, demanding new elections under international observation. EPA-EFE/STRINGER

Иако истополови активности во Белорусија се легализирани од 1994 година, тие и понатаму се стигматизирани.

Повеќе од илјада жени денес маршираа низ главниот град на Белорусија барајќи оставка од претседателот Александар Лукашенко.

И студентите протестираа заради притворање на колегите во текот на демонстрациите по претседателските избори.

Стотици жени од Белорусија учествуваат на демонстрации низ Минск, Белорусија, 05 септември 2020 година/Фото: EPA-EFE/STRINGER

Денес во Минск за прв пат со знамиња во боите на виножитото на демонстрациите се појавија и припадници на ЛГБТ заедницата.

„АП“ оценува дека овој потег значи дека демонстрациите стануваат се посмели.

Активистите продолжуваат со своите секојдневни протестни акции, барајќи нови избори под меѓународна лупа/ Фото: EPA-EFE/STRINGER

„ЛГБТ лицата повикуваат на слобода. Доста ни е живот во диктатура каде едноставно не постоевме“, за „АП“ изјавила демонстрантката Ана Бредова.

Иако истополови активности во Белорусија се легализирани од 1994 година, тие и понатаму се стигматизирани.

Жени протестираат во Минск, Белорусија, 05 септември 2020 година/Фото: EPA-EFE/STRINGER

Властите не дозволувале регистрирање на ниту една ЛГБТ организација во земјата.

Според организацијата за човекови права Виасна, во маршот денес учествувале околу 5.000 жени.

Претходно денес, стотина студенти формирале човечки синџир во знак на протест против притворањето на студентите од Државниот лингвистички универзитет.

Протести во Белорусија, девојка порадува цвет на полициската гарда/ Фото: EPA-EFE/STRINGER

Виасна соопшти дека во сабота се приведени околу 20 студенти.

По претседателските избори кои белоруската опозиција ги нарекува наместени, избија големи демонстравии во Белорузија на кои се уапсени скоро 7.000 луѓе, а неколку стотици се претепани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот