И Курти ги „знае“ датумите: Продолжувањето на дијалогот целосно е прилагодено на Србија

Всушност, пред дијалогот како процес, ова изгледа како еднодневен состанок на кој се послужува (сервира) договор“, напиша Курти.

Лидерот на движењето Самоопределување (ПС) Албин Курти изјави дека состанокот во Вашингтон 27. јуни претставниците на Белград и Приштина ќе „сервираат договор“ и дека продолжувањето на дијалогот „се одвива на барање на Србија“.

„Продолжувањето на дијалогот е во склад со барањата на Србија – и временски и содржински. Датумот за состанокот е 27. јуни е затоа што доаѓа по 21. јуни, кога во Србија се одржуваат избори и 24 јуни е датумот кога Вучиќ оди во Москва на средба со Путин“; напиша Курти на Фејсбук.

Тој смета дека на Косово има “бескорисна влада која зависи од секој член од Српската листа“, создадена „за Србија да биде задоволна“.

Тоа е „Влада која го укина реципроцитетот со Србија и се обврза со посредникот (САД- Ричард) Гренел дека нема да бара членство за Косово во меѓународните организации, што претставува одрекување од членот 17. од Уставот на Косово“, рече Курти.

Всушност, пред дијалогот како процес, ова изгледа како еднодневен состанок на кој се послужува (сервира) договор“, напиша Курти.

Оцени дека таквиот пристап носи штетни договори, а дека таквиот договор не може да се спроведе и добива поддршка „само од политичари како Хашим Тачи и косовскиот премиер Авдулах Хоти кои не го претставуваат народот на Косово“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот