И Кристијано Роналдо во „клубот“ на милијардери

фото: твитер

Еден од најдобрите играчи на светот само во 2019 година заработи 105 милиони долари од фудбал и маркетинг.

Најголемата ѕвезда на Јувентус од Торино е секако Кристијано Роналдо кој стана првиот фудбалер во историјата кој во кариерата заработи милијарда долари.

Тој е само третиот спортист во „клубот“ на милијардери, претходно тоа им успеа на голферот Тајгер Вудс и боксерот Флојд Мејведер.

Роналдо ги шокира докторите на Јувентус, се врати посилен од карантинот

Еден од најдобрите играчи на светот само во 2019 година заработи 105 милиони долари од фудбал и маркетинг.

Тоа го доведе до четвртото место на листата богаташи спорд „Форбс“ меѓу познатите личности.

Портуугалецот од договорите со клубовите во кои настапуваше (Спортинг, Манчестер јунајтед, Реал, Јувентус) имаше заработка во кариерата од 650 милиони долари, а остатокот дојде од маркетинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот