И Кипар пријавува рекордни бројки: Нов 751 случај на ковид-19, во тек е имунизација на населението

Фото: EPA-EFE/KATIA CHRISTODOULOU / POOL

Министерството за здравство на Кипар соопшти за 751 нов случај на ковид-19, што претставува рекорден број на новозаразени на дневно ниво од почетокот на епидемијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Новите случаи се резултат на направените 13.482 тестови (ПЦР и рапид), а бројот на заразени се зголеми на 20.408 лица. Иато така е регистриран и еден смртен случај или вкупно 113 од почетокот на епидемијата.

Хоспитализирани се 153 лица од кои 51 се наоѓаат во сериозна состојба.

Од вчера, во вкупниот број нови случај се вклучени и оние по направените брзи тестови и нема повеќе да се користи праксата позитивниот резултат од брзиот тест да се потврди со нов ПЦР тест.

На Кипар во тек е вакцинацијата која започна во неделата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот