И Канада не останува покусо – ќе испрати четири тенкови „Леопард“ во Украина

Канада, илустрација / Фото: Архива на Слободен печат

Канадската министерка за одбрана Анита Ананд изјави дека Канада ќе испрати четири тенкови „Леопард“ од германско производство во Украина.

– Канада ќе ѝ испорача четири јуришни борбени тенкови „Леопард 2“ на Украина во наредните недели. Оваа донација, комбинирана со придонесите од сојузниците и партнерите, значително ќе им помогне на вооружените сили на Украина додека херојски се борат за одбрана на слободата и суверенитетот на својата нација. На украинските вооружени сили итно им е потребна опрема, нагласи Ананд.

Таа додаде дека тенковите ќе им овозможат на украинските војници тактичка предност и ќе и овозможат на земјата да ослободи уште повеќе од својата територија.

Ананд посочи и дека во обуката на украинските војници ќе учествуваат одреден број припадници на канадските вооружени сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот