И кадетките слават полуфинале, во финишот до победа над Финска

Кадетките се враќаат со трофејот од Клаипеда/Фото: facebook.com/rfmofficial

Во својот четврти настап на ЕХФ шампионатот во Клаипеда (Литванија) македонската женска кадетска репрезентација стигна и до третиот триумф.

Ова беше решавачки меч за второто место во нашата група во кој македонската селекција предводена од селекторот Љубомир Савевски беше подобра од Финска со 21:20.

Имавме одличен старт од 6:0 и наместо рутински да се одржува оваа висока предност до самиот крај на средбата, падна ритамот во играта, паѓаше концентрацијата во нападите, а тоа го искористи ривалот за израмнување на 9:9, а на пауза се замина со нерешени 11:11.

Во 44 минута повторно се одвоивме на пристојна позитива од плус четири (17:13), но се дозволи повторно противникот да се доближи резултатски, и не само тоа, туку и да поведе во 52 мин. со загрижувачки за нас 17:19.

На три минути пред крајот финските ракометарки имаа минимални 19:20, до крајот на средбата успеавме да ги запреме сите налети на противничкиот тим, најпрвин израмни Коцева, а во финишот судиите досудија седмерец кој го реализиравме преку Дукоска за поставување на конечниот епилог.

Во нашите редови најефикасна беше Е. Ризоска со шест голови, пет запиша Т. Дукоска, а четири Б. Коцева.

На табелата во групата „А2“ Шпанија пред својот последен меч со Литванија е сигурна на првата позиција со шест бодови, колку што има и Македонија на второто место и овие две селекции одат во полуфиналето. Финска заврши на третата позиција со четири бодови, Литванките се претпоследни со два, а без бодови Косово.

За пласман во големото финале в сабота Македонија ќе ги одмери силите против Полска.

Кадетите преку Полска во полуфиналето на ЕХФ шампионатот во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот