И Јакуп Красниќи повикан од Специјалниот суд во Хаг

Јакуп Красниќи, поранешниот претседател на косовското Собрание и портпарол на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во 1998-99 година,  доби покана од Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, каде што треба да се јави идната недела, на 24 јули.

Информацијата ја потврди самиот Красниќи, кој преку соопштение за јавноста изрази уверување дека „правдата ќе биде задоволена“ и порача дека „вистината е дека во војната во Косово, Србија изврши геноцид, а нејзините монструозни конструкции за ОВК ќе паднат во вода“.

„Несреќа и своевидна иронија е тоа што наместо Србија да се соочи со правдата за злосторствата против човештвото и за геноцидот, ние треба да се браниме од нејзините измислени обвиненија, наместо да се судат аргументите и доказите кои се неспорни и кои ги знае цел свет, правдата се занимава со ниски измислици и невистини на српската политика и на нејзините тајни служби“, се вели во соопштението на Јакупи.

Според првиот претседател на косовското Собрание по војната, Специјалниот суд е формиран врз основа на извештајот на Дик Марти, усвоен од Советот на Европа, кој „има за цел компромитација и инкриминација на праведната и чиста борба на ОВК“.

Покана да се појави пред Судот во Хаг во својство на осомничен доби и Рамуш Харадинај, кој вчера поднесе оставка од функцијата претседател на Владата на Косово, порачувајќи дека пред судот сака да се појави како граѓанин на Република Косово, а не како премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот