И јајцата ќе станат дефицитарни во Европа, а ќе поскапат за 40 проценти

Фото: Профимедиа

Производството на јајца во Европската унија е значително намалено, особено јајцата од слободно производство, а покрај генерално пониското производство и последиците од енергетската криза што настана како резултат на руската инвазија на Украина, поттик за тоа беше и птичјиот грип.

Речиси 50 милиони живина загинаа годинава во Европа поради заканата од птичји грип и убивањето на диви и домашни птици.

Високото ниво на болести кај дивите птици доведува до зголемување на бројот на случаи на комерцијалните фарми, а на повидок нема решение за да се стави проблемот под контрола.

„Тешко е да се прогнозира како понатаму ќе се развива ситуацијата, но недостигот на јајца сигурно ќе трае барем до Велигден, ако не и подолго“, смета Дражен Чурила, еден од најголемите хрватски извозници на јајца. Постојат повеќе фактори кои влијаат на целокупното поскапување на јајцата, поради што е тешко да се каже кој е главен, но птичјиот грип секако не помага за стабилизирање на цените.

„Верувам дека фармите за кокошки нема да останат празни, но ќе треба време додека ова да се реши“, вели Звјездана Блажиќ, консултант за прехранбена индустрија и земјоделство. Производителите на јајца и живинарите уште пред Велигден годинава порачаа дека поради рекордните производствени трошоци, откупните цени на јајцата и актуелната криза, клучот може да го стават во катанец, пишува Тпортал, објави Пословни хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот