И Италијанците се чудат, каде си Несторовски?

twitter.com/Udinese_1896

Според „Туто Удинезе“ дефинитивно владее загриженост околу сегашната форма на македонскиот репрезентативен напаѓач, Илија Несторовски.

Македонскиот интернационалец сезонава не се снаоѓа најдобро во својот нов клуб Удинезе кога станува за постигнувањето на головите.

Досега во Серија А за тимот од Удине од 15 одиграни натпревари има само еден гол во поразот од Сампдорија.

Се разбира загрижува и податокот што последните голови Илија Несторовски за нашата најдобра репрезентација ги имаше дури на 19 ноември 2018 година во триумфот од Лигата на нации дома против Гибралтар.

Да се надеваме дека нови погодоци ќе ги има на крајот од месец март годинава кога ќе се бие битка за пласман на Европското првенство.

фото: tuttoudinese.it

Три сезони беше вистинска гол-машина за Палермо, за вкупно 94 натпревари во Серија А и Серија Б имаше 38 голови.

Како што пренесува „Туто Удинезе“ кој што информира за клубот, владее загриженост околу моменталната форма на Несторовски.

– После банкротот на Палермо, Несторовски дојде минатото лето во Удинезе. Дури и кога настапуваше во Серија Б, неговата вредност изнесуваше дури седум милиони евра. Но, сега нешто не е во ред. Илија има можност, го замени Ласања одреден период и сеуште е прва алтернатива, но учинокот е само еден погодок. Мора да е тажно што Македонецот нема среќа, постигна четири голови, сите поништени после ВАР одлуки. И наместо неговата форма да оди во нагорна линија, таа зачудувачки паѓа. Што не е во ред? Дали можеби стилот на играта што ја применува Готи не одговара на неговите карактеристики..Како и да е, време е да се подобри реализацијата! – пишува „Туто Удинезе“.

Навивачите секако посакуваат што повеќе голови да има од „Нестор-гол“ што би му помогнало на клубот да ги има потребните резултатите во остварувањето на целите за сезонава во Серија А, а тоа секако ќе го радува и селекторот Игор Ангеловски.

И дефинитивно што побрзо да се реагира, се разбира доколку нашиот играч добива редовни шанси од тренерот Лука Готи доколку не сакаат случајно да се најдат во борбата за опстанок, иако моментно се на 14. позиција, девет повеќе бодови од засега „небезбедниот“ СПАЛ на табелата во италијанскиот шампионат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот