И Индија најави вакцина против Ковид-19 до крајот на годината

Индија има 1.500 лаборатории за тестирање на вируси.

До крајот на годината и Индија ќе има вакцина против Ковид-19, изјави денеска индискиот министер за здравство Харш Вардан.

-Еден од нашите кандидати за вакцина против Ковид-19 е во третата фаза од клиничките испитувања. Убедени сме дека вакцината ќе биде развиена до крајот на оваа година, рече министерот, пренесува Си-Ен-Ен.

„Среќен сум што можам да кажам дека во осмиот месец од битката Индија има најдобра стапка на заздравување од околу 75 проценти. Вкупно 2,2 милиони пациенти закрепнале и заминале дома, а наскоро уште 700.000 ќе бидат излекувани”, додаде министерот.

Пациентите во Индија со благи и умерени симптоми не се сметаат за активни по 10 дена од појавата на симптомите доколку исполнуваат одредени услови. Не им е потребен тест како потврда дека веќе немаат вирус. Тешките случаи можат да бидат отпуштени од болница со само еден негативен тест.

Индија има 1.500 лаборатории за тестирање на вируси.

Земјата денеска ја надмина бројката од три милиони потврдени случаи на коронавирус, откако беа соопштени новите 69.239  инфекции, наведе индиското Министерство за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот