И гробиштата на УЧК не се двојазични

Вицепремиерот Бујар Османи се пофали на Фејсбук како во улога на инспектор, контролира во кои државни институции не се почитува Законот за употреба на јазици.

Навистина ме израдува ревносноста на Османи, иако тоа не му е во описот на работното место, што пронајде време да го провери спроведувањето на законот со кој се спроведува двојазичноста. Македонскиот и aлбанскиот јазик се рамноправни во институциите, а Османи е тука да провери дали администрацијата ги говори и двата јазика. Не е за џабе Бујар одговорен за ресорот Евроинтеграции, бидејќи само таков тип на политичар, на кого законот му е пред сè, може да нè внесе во семејството на европските народи.

Понесен од неговата посветеност решив да му помогнам. Се сетив дека летово бев на свадба во Кичево и традиционално направив пауза на Стража. Гнетејќи од мекиците забележав на таблата со која се означува патниот правец се избришани македонските називи за Кичево и Охрид, па патниците возат накај Керчова и Охер.

Прочитајте и...  Ајде, Филипче, зарази се веќе еднаш!

Неколку километри подолу застанав крај гробиштата на паднатите херои на УЧК, кои загинаа во конфликтот во 2001 година и интересно, на таблата со која е означено спомен местото, текстот е напишан само на албански. Си велам не дај боже, ќе помисли некој Македонци не се добредојдени тука. Немаше жив човек околу мене да прашам зошто нема превод на македонски на текстот на кој пишува – Уштриа Клиримтаре Комбетаре – пишуваше и уште нешто ама не го запомнив.

Не знам колку време има вицепремиерот, но доколку и натаму се чувствува мотивирано да го проверува спроведувањето на законите на терен, би можел да ја прошири дејноста и од јазичниот закон да се прешалта на законот за знамињата.

Прочитајте и...  Избори на 5 јули за да се „решат“ и Наќе Чулев и корона-кризата

Еве јас сум жив сведок дека од излезот на Скопје, па се до општинската зграда на Кичево нема ниту едно македонско знаме по целиот пат. Знамиња на Република Албанија има повеќе од 100, па еве Османи може да нареди едно 50 на државата на која е вицепремиер.

Македонија, ќе се сложиме сите е прекрасна земја, но нејзините граѓани од секогаш се мачеле да ги почитуваат законите. Можеби токму Бујар Османи ќе ја промени оваа незгодна навика, па конечно и ќе ни тргне? Да му помогнеме.

Прочитај повеќе

Ковид-19 „влезе“ во приватен старечки дом, алармот вклучен

На работничките во Штип не смее да им се намали платата додека седат дома

Ма каква корона, дојдете ни на матурска журка дома!

Животната приказна на Милка Ефтимова: Секогаш остана дама

Ј.К.Д

Денко Малески или Стојан Новаковиќ?

Агрон Биба

Ивановски: Избори веднаш и политичка влада со три приоритети – здравство, финансиска стабилизација и враќање на економски раст (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Сезнајковци од сите маала, обединете се!

Слободен печат

Андоновиќ: Расните немири во САД прераснуваат во социјален бунт (ВИДЕО)

Слободен печат

Ајде, Филипче, зарази се веќе еднаш!

Сашо Орданоски

Хаос со партиципацијата: Уредбата задоцни, кој платил нема да му се врати!

Коронавирусот е вон контрола, жариштата итно во карантин!

Мирослава Бурнс

Избори на 5 јули за да се „решат“ и Наќе Чулев и корона-кризата