И Град Скопје ја демантира лажната вест: Одредени медиуми не се подготвени да ги проверат информациите кои се креирани во партиски кујни

Фонтана на плоштад / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Веста дека камион пропаднал во фонтаната на плоштад, официјално ја демантираа и од Град Скопје , од каде  констатираат дека одредени медиуми не се подготвени да ги проверат информациите кои се пласираат на социјалните мрежи, креирани во партиски кујни, па ги претставуваат како кредибилни.

Вистината, доколку медиумите кои објавија за наводно пропаднат камион на плоштадот „Македонија” се интересираа, е дека овој настан не се случил. Ниту камион возел преку плоштадот „Македонија”, ниту пак пропаднал во фонтаната. Секој приод кон плоштадот „Македонија” по последниот инцидент пред прославата за Нова Година кога пропадна комбе на странски државјанин во подземната фонтана, е забранет за возила и физички со поставени столбови е оневозможен. Фонтаната на плоштадот „Македонија” е оградена и обележана, и е оневозможен пристап за возила кои би можеле да поминат врз истата – се вели во соопштението на Град Скопје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот