И гостиварци на протест против поскапувањето на струјата

Фото: МИА

Со краток марш и протестен собир пред седиштето на ХЕЦ Маврово, група гостиварци искажа незадоволство против одлуката за поскапување на струјата.

Организаторите на протестот, навивачката група „Кастриоти”, шестиот протест го започнаа од корисничко енергетскиот центар Гостивар на ЕВН.

На протестниот собир пред дирекцијата на ХЕЦ Маврово во Гостивар беа прочитани барањата: Регулаторната комисија за енергетика да ја поништи одлуката за зголемување на цената на електричната енергија за 7,4 проценти, да се намали цената на електричната енергија за 20 проценти, а од Владата се бара да го намали ДДВ-то на енергијата од 18 на 5 проценти и да го прекине монополот на приватната компанија ЕВН.

Собирот и двата објекти беа обезбедувани со засилени полициски сили и помина без инциденти. Собирот го окарактеризира и еден невообичаен момент. Неколку деца, на полицајците во кордонот кои беа со штитници им подадоа по еден цвет во знак на добра волја и порака за ненасилство. 

Фото: МИА

Од организацискиот одбор што ги организира протестите бараат од РКЕ и Владата да ги сфатат протестите сериозно и најскоро време да се најде најдобро можно решение.

– Во спротивно, не ни преостанува ништо друго освен да покажеме граѓанска непослушност. Не нè присилувајте да ја повториме 2001 година. Но, не со вооружен конфликт туку со неплаќање на сметките, рече Сали Јонузи на собирот. Тој нагласи дека било неприфатливо да се плаќа највисока цена на струјата во регионот, а да се има најниски плати.

Протести и во Кичево и Тетово против поскапувањето на струјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот