И годинава аерозагадувањето ќе го мерат само приватните лаборатории

Загадување на воздухот во Скопје/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Државниот Инспекторат за животна средина и годинава ќе ангажира приватна лабораторија за мерењата на емисиите од оџаците на загадувачите во државава бидејќи државната лабораторија која постои со години засега не се акредитира за аерозагадување.

„ДИЖС и оваа како и секоја година преку тендер со годишни договори ќе ангажира некоја од трите акредитирани приватни лаборатории кои постојат во државава за да ги врши мерењата“, вели Ана Петровска, директорка на Државниот Инспекторат за животна средина.

Според Петровска, неопходно е мерењата кои се прават да бидат извршени од лаборатории кои се акредитирани за сите методи кои се потребни за мерење на загадувачки емисии од оџаците на фабриките и помалите капацитети кои ги инспектира ДИЖС, бидејќи само така добиените податоци се доказ пред суд доколку биде покрената постапка против загадувачот.

Еколошките здруженија повеќе години предупредуваат дека  неакредитирањето на државната лабораторија остава сомнеж во причините за недовршување на процесот за акредитација, односно за можни непринципиелни договори помеѓу одредени индустриски инсталации, приватни акредитирани лаборатории и претставници на институциите. Иако беше најавено дека акредитацијата ќе биде довршена лани, од Министерство за екологија објаснуваат дека засега нема пари за акредитација за методите за мерења на емисии во воздухот, туку само за вода и за бучава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот