И Германија сака специјален претставник за дијалогот Косово-Србија

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Ангела Меркел и Емануел Макрон повторно се активираа за враќање на маса на разговорите и помирувањето Косово – Србија.

Блиски луѓе на германската канцеларка и францускиот претседател, како што е потврдено од Берлин за Клан Косова, започнале разговори за ново поглавје на овој процес.

Главната двојка на Европа ќе се движи по Америка за да назначат специјален претставник за дијалогот Косово-Србија, неколку недели откако Вашингтон го назначи Метју Палмер, специјален претставник за Западен Балкан.

Посебно име нема, но за разлика од Французите, германската страна е заинтересирана оваа позиција да им припаѓа на нив според можностите и назначувањето да биде објавено по изборите на 6 октомври во Косово, пренесува истиот медиум. Ова верзија има поддршка и од пратеникот Петар Бајер, близок до Меркел.

– Мислам дека Европската унија треба да именува посебен претставник за преговорите Косово-Србија. Ова лице со посебна екипа би помогнало во конструктивниот и искрен аспект за продолжување на процесот за преговорите. Америка е важен играч за Балканот и близок сојузник на Германија, рекол тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот