И Гедбан си оди од Вардар, го засилува Адемар Леон

Фото: РК Вардар

После доаѓањето на Борко Ристовски, јасно беше дека за Гедбан нема место во Вардар, па Гедбан се реши да ја промени средината.

Алжирецот во редовите на Вардар, Калифа Гедбан од следната сезона се сели во Шпанија, во екипата на Адемар Леон.

Гедбан до крајот на сезоната ќе го одработи договорот со македонскиот и европски шампион, по што ќе го напушти клубот.

Претходно клубот воглавно поради финансиски причини го напуштија Даинис Криштопанс и Павел Атман, а на крајот од сезоната веќе се знае дека си заминува и руското десно крило Данил Шишкарев во унгарскиот Веспрем.

После доаѓањето на Борко Ристовски, јасно беше дека за Гедбан нема место во Вардар, па Гедбан се реши да ја промени средината.

Со „црвено-црните“ успеа минатата сезона да ја освои европската титула, а со екипата на Адемар Леон потпиша договор на две години.

Моментно сезонава Адемар Леон во најсилната шпанска ракометна лига се наоѓа на второто место на табелата со 33 бодови, пет помалку зад водечката Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот