И „Гардијан“ му симнува капа на Никола Јокиќ: Тој е вистинскиот ѕвер во НБА

Никола Јокиќ имаше уште една одлична сезона во дресот на Денвер нагетс/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Англискиот весник „Гардијан“ објави текст за кошарка, што е навистина реткост, а причината на центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ. Според авторот на текстот, Јокиќ е „испратен“ во НБА лигата за да ја заврши работата која ја започна легендарниот Литванец, Арвидас Сабонис.
Уште една причина за „Гардијан“ да му посвети текст на Јокиќ е минатонеделниот натпревар помеѓу Денвер и Милвоки, кој навивачите го нарекоа и „судар на титаните“.

„Иако Јанис Адетокумпо е „Грчки звер“, вистинска напаст во кошарката без одредени позиции е Никола Јокиќ, центарот кој и понатаму игра со грбот свртен кон кошот. Јокиќ одбива да ги прифати промените и го „гази“ патот за генерациите на центри кои ќе дојдат по него. Јанис дуелот го заврши со 27 поени и осум скока, но ѕвезда на вечерта беше Јокиќ со 37 поени, 10 скокови и 11 асистенции. Тоа беше негов деветти трипл-дабл во сезоната и вкупно 50. во кариерата. Единствен центар кој има повеќе вакви остварувања е легедарниот Вилт Чембрлен. Нема сомнежи дека во ера во која центарската позиција полека исчезнува, тоа е податок за респект.
Никола Јокиќ е комбинација на старата и новата школа, може да игра да традиционален начин-под кошот, но и да погоди тројка, да асистира како што тоа го правеше Арвидас Сабонис кој се смета за еден од најдобрите европски центри кои играле во НБА лигата“, пишува „Гардијан“ и во текстот потенцира дека српскиот кошаркар сето тоа го прави со насмевка и дека е пратен во НБА да ја заврши мисијата на Сабонис.

„За разлика од соиграчот Џамал Мареј кој игра послабо од очекувањата, посебно по одличните партии кои ги прикажуваше во „меурот“ во Орландо, Јокиќ ја подобри играта и сега е единствениот кој ги одржува надежите на Денвер да обезбеди пласман во плејофот. Поради тоа не изненадува податокот дека по трет пат ќе настапи на ол-стар натпреварот, но овој пат како стартер. Би помислиле дека талентиран играч како Никола Јокиќ лесно ќе го приметите, но тој во Србија имаше поинаков статус, имаше 136 килограми и дневно пиеше по три литри кока кола. Иако не беше атлетски тип, се истакнуваше со своите атрактивни асистенции. Неговиот изглед не ги „мамеше“ НБА скаутите, но играше доволно добро за Барселона да му понуди договор. Но, пред да стави потпис на договорот, Јокиќ го одигра најлошиот натпревар во кариерата и Барселона одлучи да се повлече од трансферот“, пишува „Гардијан“.

Според весникот, тој потег на Барселона им ги отвори вратите на Денвер нагетс кои во 2014 година го избраа како 41. пик на драфтот.
„Дека е избран на драфтот дозна откако неговиот брат го разбуди и тоа доволно зборува за толку колку е релаксиран. Не се нервираше и поради податокот дека новинарите постојано погрешно го изговараа неговото име и презиме, се додека Никола Вучевиќ не им укажа на тоа за време на првиот настап на Јокиќ на ол-стар натпреварот на сите ѕвезди. Јокиќ до 2020 година за време на финалето на Западната конференција израсна во голем кошаркар и лидер на тимот и сега секој ден покажува дека тоа не е случанот. Јокиќ не е играч без мани, играта во одбраната му е најголем проблем, но тој е на пат да стане првиот центар од Шекил О’Нил кој може да дојде до признанието МВП на лигата, а за тоа е потребно Денвер да го засили тимот“, пишува Гардијан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот