И Формула 1 во проблеми поради коронавирусот!

фото: твитер

Челниците на Ф1 ќе се обидат да пронајдат нов термин за Големата награда на Кина, доколку биде одложена поради епидемијата на коронавирусот во таа земја.

Властите во Шангај препорачаа дека сите спортски случувања ќе се откажат доколку не се стави под контрола смртоносниот коронавирус, кој брзо се шири.

Според досегашните најави и календарот кој го имаат објавено организаторите на Формула 1, трката во Шангај би требало да се одржи на 19 април.

Во очекување на одлуката на надлежните, во Ф1 се подготвуваат за секакво сценарио, па извршниот директор Рос Брон рече дека во случај на одложување на трката, ќе се обидат да се пронајде решение во нов термин.

– Доколку постои веројатноста дека нема да се одржи во април, мислам дека трката ќе биде одложена. Ќе ја оставиме отворена можност трката да се одложи подоцна во текот на годината. Кина е ентузијастичен, растечки пазар и ние би сакале да имаме трка таму – вели Брон, а пренесува „Моторспорт“.

Брон очекува дека сè ќе биде познато за две до три недели. Потсетување дека новата сезона во Ф1 шампионатот ќе започне на 15 март со трката за Големата награда на Австралија во Мелбурн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот