И Фетел си најде Ф1 тим, потпишал тригодишен договор

epa08287888 Sebastian Vettel of Ferrari gestures ahead of the Formula 1 Australian Grand Prix 2020 at the the Albert Park Circuit in Melbourne, Australia, 12 March 2020. EPA-EFE/MICHAEL DODGE EDITORIAL USE ONLY AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Германецот на крајот од сезоната го напушта тимот на Ферари.

Себастијан Фетел по завршувањето на сезоната ќе го напушти Ферари и ќе вози за тимот на Астон Мартин, пишува „Газета дело Спорт“.
Според весникот, Фетел потпишал тригодишен договор и дека од новиот тим ги добил финансиските услови кои ги бараше и од Ферари, но нивните преговори пропаднаа.

Четирикратниот Ф1 шампион со Ферари има договор со крајот на сезоната, а откако не успеа да најде заеднички јазик со италијанскиот тим, се шпекулираше дека би можел да потпише за Мерцедес.

Официјалната промоција на Фетел во Астон Мартин кој сезонава настапува под името Рејсинг Поинт, требаше да се одржи неделава, но беше откажана од етички причини, односно бидејќи Серхио Перез возачот на чие место доаѓа Германецот, е позитивен на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот