Европските социјалисти ПРИТИСКААТ за датум за преговори

Доналд Туск
Доналд Туск / Фото: Слободен печат, Архива

Лидерот на партијата на европските социјалисти, Сергеј Станишев, испрати писмо до шефот на Европскиот совет, Доналд Туск, во кое го повикува да го постави прашањето за разговори за пристап со Македонија и Албанија на утрешната агенда на Европскиот совет.

„ Дозволете ми да инсистирам на потребата од последен напор – последна шанса да најдам договор меѓу сите европските лидери за ова прашање. Со оглед на нејзината важност за стратешките, економските и безбедносните интереси на ЕУ, веруваме дека нашите шефови на држави или на Владата треба да му се претстави можност за понатамошно разгледување на прашањето“, му напишал Станишев на Туск.

Тој ја потенцира улогата на премиерите на Македонија и на Албанија во напредувањето по, како што наведува, тешкиот пат на реформите и во двете држави.

„Водејќи ги своите нации, прогресивните премиери Зоран Заев и Еди Рама инвестираа значителен политички капитал, преземајќи болни реформи и носеа тешки одлуки со цел да напредуваат на нивниот европски пат. Договорот од Преспа меѓу Република Северна Македонија и Грција, на пример, кој го реши долготрајниот спор за името меѓу двете земји, не беше помалку од историски. Тоа беше живописна демонстрација на решеноста на политичкото раководство на овие земји да ја претворат страницата на конфронтација во регионот и да ги одведат земјите во нова ера на европска соработка, солидарност и искрено пријателство“, пишува Станишев.

Лидерот на ПЕС, Станишев до Туск изразил загриженост дека ако има неуспех во проширувањето, ќе се доведе во прашање кредибилитетот на Европската Унија. Наведува и дека ќе се загрози политиката на проширување и процесот на евроинтеграција на земјите од Западен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот