И Еурофарм тргна со подготовките за новата сезона

фото: РК Еурофарм Работник

Ракометарите на Еурофарм Работник, исто како и шампионот Вардар,  денеска ги стартуваа подготовките за наредната сезона. Тренерот Стевче Алушовски денеска ја одржи првата прозивка во спортската сала во Битола.
Вицешампионот на Македонија во новата сезона го очекуваат дебитантски настапи во Лигата на шампионите и во СЕХА Лигата.

На собирот се појавија 24 ракометари меѓу кои беа и засилувањата Митревски, Маџовски, Велковски, Вегар, Јотиќ, Ратајац и Шевелев.

Според планот на подготовки на тренерот Алушовски, ракометарите на Еурофарм Работник утре ќе заминат во Маврово каде ќе поминат две фази од подготовките. Формата ќе се бруси преку учествата на турнирите во во Струга и во Добој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот